Дејвид Бекам призна дека Викторија е човекот што се грижи за неговиот стил.
Како што изјави самиот тој, во 99% од времето токму неговата сопруга ја избира облеката и решава каков ќе биде неговиот стајлинг, по повод некој настан или едноставно прошетка низ градот.
„Секогаш ми кажува кога не и се допаѓа она што сум го облекол. Таа е многу отворена, а тоа е важно за секоја врска. Викторија постојано ми дава совети и во 99% од случаите јас ја слушам “, изјави Бекам.