Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам стави крај на успешната фудбалска кариера.
По 20 години професионален фудбал, Дејвид Бекам става крај на фудбалската кариера.
38-годишниот Бекам кој стана првиот Англичанец кој освоил трофеи во четири различни земји, реши дека е време да ги обеси копачките.
ПСЖ му понуди на Бекам договор за уште една сезона, но фудбалерот реши да ги следи стапките на својот учител Сер Алекс Фергусон и по завршувањето на оваа сезона да се повлече од активното играње.
„Благодарен сум на ПСЖ за понудата да продолжам, но чувствувам дека сега е вистинското време да ја завршам мојата кариера” – изјави Бекам.
Бекам на 14 години потпиша за младинската школа на Манчестер Јунајтед и заедно со Гери Невил, Пол Сколс и Ники Бат ја сочинуваа познатата младинска класа од 1992 година на Црвените Ѓаволи.
Во 1993 година Бекам го имаше своето деби за сениорскиот тим на Јунајтед, на Олд Трафорд помина цели десет години во кои успеа да ги освои сите трофеи кои можеше да се освојат.
Потоа се пресели во Реал Мадрид и беше дел од Галактикос тимот на Кралевите со кој освои една титула во Примера.
Од Реал Мадрид премина во Лос Анџелес Галакси, каде се задржа пет години, во тој период на два пати го носеше дресот на Милан на кракорочна позајмица.
Кариерата ја заврши во ПСЖ со кој ја освои шампионската титула во Франција.
Дејвид Бекам имаше и успешна репрезентативна кариера, 115 пати го облече дресот на Англија, а долго време беше и капитен на Гордиот Албион.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал