Дејвид Бекам покажува знаци на претерано заштитнички настроен родител кога станува збор за неговата ќеркичка Харпер. Тој неодамна дури и се пошегува дека ќе ја заклучи во висока кула заради нејзино добро.
На прашањето како ќе се чувствува кога Харпер ќе започне да излегува со момчиња, поранешниот капитен на Англиската фудбалска репрезентација како од топ одговори: „Не доаѓа во предвид. Нема да и дозволам да излезе. Ќе биде како Трнорушка, заклучена во висока кула“, изјавил Бекам (38).
Гордиот татко има развиено цврста врска со неговата единствена ќерка и е решен да ја чува на сигурно.
„Кога имаш ќерка тоа е сосема поинаква приказна. Не велам дека Харпер ја сакам повеќе, но момчињата се понезависни“, додал Дејвид, кој со сопругата Викторија има три сина: Бруклин (14), Ромео (10) и Круз (8).
Минатата недела славниот фудбалер стопи многу срца која ја бакна 22-месечната Харпер на еден хокејски натпревар, бидејќи ги „улови“ камерата за бакнежи ( Kiss Cam).