Сте ја виделе секоја можна верзија на зомби жанрот? Не, Decay има нешто што ниту еден зомби филм до сега го немал – Големиот Хадронски Судирач.
Група студенти кои работат на нивниот докторат по физика решиле да посветат дел од своето време на создавање на хорор филм сместен во CERN, користејќи ја Хигс-Бозон честичката како дел од приказната.
Да, приказната дека Хигс-Босон е виновна за зомби апокалипсата е малку смешна, но секогаш е интересно да се гледаат научници кои создаваат научна фантастика. Целиот филм ќе биде пуштен преку интернет под Creative Commons лиценца. Исто, важен факт е дека „Овој филм не е одобрен или подржан од CERN.“