Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години

Многу педијатри и психолози велат оти раната употреба на паметни телефони може да предизвика долготрајна штета. Така, детето не треба да има свој телефон пред да наполни шест години, смета психологот и професорка на Факултетот за спорт и физичка активност при британскиот Универзитет Шефилд Халам, Лијана Азеведо.

Според неа, шестата година е критичен период во развојот на детето, пред којшто можеби не е соодветно да се изложува детето на какви било интерактивни медиуми.

– Факт е дека децата до шестата година ги развиваат најважните моторни вештини и интерперсонални комуникациски вештини коишто најдобро се совладуваат преку лична комуникација. Употреба на паметен телефон на рана возраст може да го поттикне детето да ја замени вообичаената игра со уредите, а врсниците со виртуелната мобилна забава, изјави Азеведо.

Прочитајте и:  Чудни и (не)вообичаени навики на децата... и како да постапите

Покрај тоа, некои испитувања покажаа дека количината сива материја во мозокот го достигнува својот врв непосредно пред шестата година од животот. За да не се наруши и тој развој на ментални способности, не се препорачува употреба на технолошки уреди.

– Децата до две години воопшто не треба да минуваат време пред екранот, а петгодишните можат да користат телефони, таблети и компјутери најмногу по еден час дневно, советува психологот.

Така, како што наведува, децата на возраст под шест години може да бидат особено чувствителни и на влијанијата од паметните телефони врз сонот. Раното изложување на содржината на социјалните мрежи, исто така, може да влијае на психичкото здравје.

- Реклама -