Научниците од калифорнискиот универзитет изнесоа дека откажувањето од електронските уреди ги развива социјалните навики.
Во новото истражување учествувале шестоодделенци од Јужна Калифорнија, кои што биле поделени во две групи. 51 од нив биле на одмор во камп, каде што не можело да се користат паметни телефони и други електронски гаџети. Другите 54 деца биле надвор од кампот и можеле да уживаат во своите мобилни уреди.
Во првите денови на учесниците во кампот им било многу тешко без електронските уреди, но набрзо се адаптирале.
На почетокот и крајот на студијата била оценувана способноста на учесниците од двете групи да ги препознаваат емоциите на другите луѓе на фотографии и видео. На децата им биле прикажани 48 фотографии, на кои што имало среќни, тажни и лути лица, и тие требало да ги одредат емоциите на прикажаните лица. Учесниците, исто така, гледале видео филмови во кои луѓето комуницирале едни со други. На пр. на едно од видеата ученици правеле тест. Еден од ликовите бил уверен во себе, а другите биле многу загрижени. Учениците повторно биле прашани што чувствуваат за учесниците.
На крајот на истражувањето бројот на грешки при анализата на фотографиите бил 9,41, додека во почетокот на овој индикатор бил 14,02. Кај останатите учесници кои не биле во кампот со уреди било забележано подобрување во оценувањето на емоциите на други луѓе.
Научниците сметаат дека резултатите од анкетата се од исклучително значење. За развојот на социјалните навики е потребно интеракција лице во лице. Научниците ги советуваат луѓето и најчесто децата периодично да се откажуваат од користењето на електронски гаџети, во корист на комуникацијата во живо.