Фудбалскиот клуб Фламенго презеде сериозен ризик, со тоа што потпиша договор со Адријано до крајот на годината.
Бразилскиот напаѓач, кој со месеци има проблеми со килажата, одлучи повторно да се проба во фудбалот изразувајќи задоволство што повторно ќе игра во „Бразилиера“.
„Сакам повторно да ја почуствувам гордоста што ќе играм во дресот на клубот кој отсекогаш бил мој. Ви благодарам за сè и верувам дека ќе успеам да ви се оддолжам со добри игри“ истакна Адријано.
Адријано кариерата ја започна токму во Фламенго, но во 2001 година замина во Серија А, каде голема трага остави во Парма, Интер и Фиорентина.