Dawn ја заврши својата орбита околу Vesta и се упати кон Ceres (видео)

Откако помина една година во орбита околу астероидот Vesta, вселенското летало Dawn на NASA се упати кон Ceres.

Ceres е најголемиот астероид во појасот астероиди  и најмалата џуџеста планета во нашиот сончев систем. Астрономите мислат дека Ceres најверојатно има карпесто јадро и замрзната површина со шанса за вода во течна состојба помеѓу нив.

{youtube}V0lI1pOusV0{/youtube}

Hubble забелеажл мистериозна светла точка на површината на Ceres која никој не успеал да ја идентификува, а постои и мала шанса дека таму има живот. Но дури и да има знаци на живот, Dawn не е опремен за негова детекција. До 2015 година леталото ќе испраќа слики од Ceres и планот е да помине уште една година во неговата орбита.

- Реклама -