Турција нема да се извинува никому за заштита на границите. Ова го изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу, пред состанокот со генералниот секретар на ОН, Јенс Столтенберг.
Истовремено сепак турскиот политичар нагласи дека не сака ескалација на тензиите меѓу Анкара и Москва поради инцидентот со воениот авион Су-24, и се залага за воспоставување на дијалог меѓу двете земји.