Давидовиќ: Рускоска да даде одговор зошто Јанева не е под истрага

Обвинителката Вилма Русковска ќе треба да даде одговори и да каже што се случува, зошто е нешто преземено или не е преземено, вели адвокатот Звонко Давидовиќ, за ТВ24 на прашање зошто под истрага за предметот „Рекет“ не е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Според Давидовиќ, да се работеше за некој друг на местото на Јанева, тој веќе ќе беше во притвор.

-Тоа можам да го споредам со ситуацијата во која до сега сме се наоѓале како бранители, уништување на докази апсолутно ќе предизвикаше барање и донесување на мерка притвор – вели Давидовиќ.

Тој порача Обвинителството час поскоро да ја заврши истрагата и да даде одговор на многу прашања што останаа отворени.

-Како размислува Вилма Русковска јас не знам. Очигледно во јавноста има друга перцепција затоа и овие шпекулации и приказни кои се предат околу предметот – смета тој.

Давидовиќ додава дека е неуверлива изјавата на Јанева каде вели дека нејзиното име е злоупотребено во аферата.

-Да кажете дека сте специјален јавен обвинител кој раководи со целокупната држава, кој е надлежен за цела територија на Република Македонија, и за сите снимки кои се многу моќно орудие, дека сте можеле да бидете злоупотребени, тогаш сигурно не сте можеле да седнете на тоа место, ако некој сакал да ве злоупотреби – посочува тој.

- Реклама -