Данска од среда ќе ги отвори училиштата и градинките

Од среда, 15 април, во Данска ќе се ублажат некои мерки за борба против епидемијата на коронавирусот, така што учениците на возраст од 11 години и помлади ќе се вратат во училиште и градинка, јави Би-Би-Си.

Данска е една од првите европски земји што пред еден месец воведе мерка за затворање на училиштата.

– Важно е Данска да не е затворена повеќе од тоа што е потребно, изјави премиерката Мете Фредериксен.

Како што наведе, ширењето на вирусот е ставено под контрола и Владата сака повторно да ја придвижи економијата, но тоа нема да успее толку брзо.

– Ако премногу брзо ја отвориме Данска, ризикуваме инфенцијата повторно да се шири брзо, рече премиерката.

Во Данска досега од Ковид-19 се заразени 6.174 лица, а починаа 273 луѓе.

- Реклама -