Данска годинава ѝ испраќа на Украина дополнителни 308 милиони долари воена помош

Оваа година Данска ќе ја зголеми воената поддршка за Украина за околу 308 милиони евра, соопшти денеска данското Министерство за одбрана.

Донацијата е дел од сумата од околу 725 милиони евра, кои Копенхаген му ги испратил на Киев во форма на воена помош од почетокот на војната во Украина во 2022 година.

Данскиот парламент, исто така, одлучи да одвои дополнителни 3.1 милијарди евра за фондот во периодот меѓу 2025 и 2027 година.

МИА

Прочитајте и:  Писториус: Прекинот на двата оптички комуникациски кабли под Балтичкото Море е саботажа
- Реклама -