Сите што посетувале каква било настава / градинка до 11-годишна возраст се враќаат во училниците, одлучи владата на Данска.
Земјата е една од првите што реши сè да стави под клуч, а со новата одлука ќе биде и една од првите што почнува да ги опушта мерките за изолација.
Целото опуштање ќе функционира во комбинација со мерките за дистанцирање, па на пример родителите нема да смеат да ги внесуваат децата во училиштата, туку ќе мора да ги остават во двор, а учениците нема да смеат да се гушкаат и поздравуваат.
Плус, учениците во секоја училница ќе седат на оддалеченост од 2 метра, заради што еден клас сега зафаќа две училници. Исто така затворени се и сите мензи во училиштата.
Ваквото опуштање, со сите овие мерки, не е пречекано со овации и воодушевување од сите родители, па дел од нив решаваат дека уште некое време ќе ги задржат децата по дома.