Вчера се одржа уште една епизода, со вториот дел од натпреварувачите на регионалното шоу X фактор, кои исполнуваа нумери на темата „Љубов“.
Овој пат на двобој се најдоа Данијела Вечериновиќ, која истиот ден ја вратија во шоуто и младиот емотивец од Црна Гора, Милан Букилиќ.
По жестока изведба во песната за спас, каде одлично се снајдоа и двајцата, гласовите на жири комисијата беа изедначени, па дојде време да пресуди публиката.
Од шоуто излезе оној кој меѓу нив двајца имаше најмалку гласови според телевоутингот. Но, скандалот се случи токму поради тоа. Бројни лица тврдеа дека било оневозможено гласањето за Данијела, од причина што таа била запишана со погрешен реден број.
На интернет не престана да кружи оваа фотографија, како и коментари од типот „Луѓе, не може да се гласа за Данијела“.
Еве и дел од коментарите на Фејсбук страната на шоуто…
Потсетуваме дека лани, во големото финале гласовите кои беа наменети за Маид Хачимовиќ, биле впишани (поради погрешен реден број), кај второпласираната Тамара. Се уште остана да се шпекулира дали ваквата грешка ќе ја променеше комплетната слика и околу првопласираниот Кајмакоски.
Како и да време е да се збогуваме со Данијела и да потсетиме на нејзиниот последен настап, од песната за спас.