Даниел и Лукијан: Ни нудат секс како да сме животни

Натпреварувачите на X factor проговорија во однос на тоа што е променето, откако станаа познати.„Никогаш не сум имала непристојни понуди за разлика од машкиот дел од екипата, но имав многубројни пораки од момчиња кои ми ја бараа раката. Симпатични ми се таквите пораки, но не одговарам на нив. Среќно сум вљубена веќе една година и седум дена во момче кое е со мене од почетокот и е една од причините поради кои се пријавив во Х Фактор. Дури и кога се сомневав во себе, тој ми ја враќаше вербата со зборовите: „Што и да решиш во животот и по кој пат и да тргнеш, јас ќе бидам до тебе, но мислам дека треба да пееш“, вели Тамара Милановиќ, единствената финалистка.

Од друга страна Лукијан изјави за медиумите  дека нема девојка, додека непристојните понуди му се сосема нормална работа.

„Девојките сами ни се нудат затоа што сега сме популарни и сакаат на секој начин да не освојат. Нашиот реален успех ќе се види дури по финалето кога ќе се изгаснат светлата, без оглед кој ќе победи. Не очекувам победа, но што и да се случи решив да останам во Белград. Ќе отидам до Бања Лука за да се договорам со родителите за се што ќе правам понатаму, а за месец дена дефинитивно ќе се преселам во Белград. Ако се случи да победам на мајка ми и ветив дека ќе и купам куќа на море,а таа желба планирам да и ја исполнам еден ден без оглед на се“, вели Лукијан.

Даниел исто останува приземјен. Како Лукијан, така и тој смета дека не смее да им се потклекне на понудите кои секојдневно пристигаат на нивните профили.

„Имав неколку пати ваква шанса, па ништо од тоа не испадна, поради тоа знам колку ова може брзо да пропадне, па си стојам со двете нозе на земја. Имам интуиција дека токму сега е време да успеам, но спремен сум и на обратното. Дојдов сам овој пат подготвен, бидејќи немав што да изгубам, ја оставив работата и станот и сè ставив на една карта. Мислам дека Тамара исто така заслужува да победи, објаснува Кајмакоски кој има отворени понуди за секс од страна на понежниот пол, за кои тој вели дека таму нема ништо романтично“, додава Даниел.

„ Тие понуди не се убави, сепак не сме животни. Тие девојки не ме познаваат, па како тогаш можат да ми нудат такви работи? Девојките мораат да имаа малку гордост во себе. Јас, за жал, не сум вљубен, бидејќи добро одбирам, но бидејќи дефинитивно доаѓам да живеам во Белград, има време за се“, вели тој.

- Реклама -