Даниел ќе го отвори „Пиво фест“ во Прилеп

Даниел Кајмакоски ќе го отвори 12-тото издание на „Пиво фест“ во Прилеп, кое ќе се случи од 17 до 20 јули.– Многу сум слушал за овој фестивал и  конечно сум дел од него. Ќе дадам максимум при настапот. Многу ми е мило што нашата земја има вакви познати манифестации надвор од границите. Интензивно се подготвувам за настапот. Ќе пеам песни од „Икс фактор“, некои нови, странски и македонски и ќе се трудам посетителите да бидат среќни, истакна  Кајмаковски.

Освен Кајмакоски ќе настапат и  „Хладно пиво“, Тијана и Тамара, Владо Јаневски, Тони Цетински, Жељко Самараџиќ, Јелена Розга, Маид Хечимовиќ, Емина Јаховиќ, Ефто Пупиновски.

Водител  ќе биде Игор Џамбазов.

Прочитајте и:  Прилеп ќе добие нов театар

Се очекуваат околу 300.000 љубители на пивото, скарата  и музиката.

- Реклама -