Дами внимавајте: Менувајте ја долната облека на време!

Многу жени не сфаќаат кога е време за фрлање на старите гаќички и градници, а тоа може да биде штетно по нивното здравје.

Имено, наместо да чекате да се упропастат до тој степен да не можат веќе да се користат, колку и да ви се омилени, експертите советуваат на време да ја обновувате својата долна облека.

Според нивните препораки, градниците би требало да се менуваат на секои 6 до 8 месеци, а гаќичките на година дена или порано, веднаш штом станат неудобни или почувствувате било каква неудобност кога ги носите.

„Многу жени не сфаќаат кога е време за фрлање на старите гаќички. Доаѓаат жени и се чудат зошто градите им се опуштиле, а не сфаќаат“, истакнува Жосефина Манисбалко од „Nocturnal Lingerie“.

Таа вели дека жените треба да посветат внимание на одредени детали кај градниците. Ако веќе подолго време го копчате на последното копче на низата, или еластичната гума од страна е ослабена, време е да купите нов.

„Тоа е посебно важно за жените со поголеми гради. Тоа што малку луѓе го знаат е дека градите најмногу ги поддржува задната страна на градникот, а не самата корпа. Со оглед на тоа дека задната страна го носи товарот, важно е да внимавате на кое копче сте. Колку е порастегната задната страна на градникот, толку вашите гради имаат помалку поддршка и ткивото се развлекува, поради што градите почнуваат да висат. Исто така е важна и бочната страна – кога гумата ќе ослаби, градникот веќе не ја пружа потребната поддршка“, објаснува таа.

Ако мислите дека Жосефина само сака да ви продаде повеќе градници, не баш. Таа истакнува дека доволно е да имате само три. Еден на перење, друг во фиока, третиот на вас.

- Реклама -