Дами и господа, Филип Петровски!

Во емисија кај Миленко Неделковски, во која гости Филип Петровски и Љупчо Палевски – Палчо, едниот од Бојкотирам, другиот од Македонија блокира. Расправиите од неуспешниот митинг против уставните промени, одржан во неделата продолжија и тука.

Палевски нагласи дека митингот поминувал во најдобар ред, сè до моментот кога Филип Петровски не вклучил видео во живо, кога атмосферата се вжештола, а некои од присутните почнале да ги псујат и да фрлаат кон нив со запалки.

Петровски пак тврдеше дека на митинг во Јуни, исто и на Солза Грчева не и било дозволено да се качи на бина и да говори, при што инсистираше да и се јават за таа да потврди дека било така. Се јави кај Солза Грчева, а таа му одговори дека првпат слуша за такво нешто.

- Реклама -