Секогаш се пишува и се зборува за женската Г точка, но и мажите имаат место кое може да ги излуди и поради кое може да доживеат експлозивен оргазам.
Машката Г точка всушност е простатата и со нејзина стимулација може просто да го излудите. Дами, еве како да ја пронајдете и да му пружите секс за паметење!
Како да ја пронајдете и да ја стимулирате Г точката?
Машката Г точка е многу полесна за наоѓање отколку женската, пишува секс експертката Изабела Сноу.
За тој потфат најдобро е мажот да легне на грб. Откако двајцата удобно ќе се сместите почнете да му ја масирате Г точката. Таа се наоѓа отприлика од пет до седум сантиметри од анусот, на предната страна на аналниот канал. За масажа користете ги прстите и бидете многу нежни. Кога партнерот доволно ќе се опушти и возбуди, ќе почувствувате мала грутка, а тоа значи дека сте ја откриле Г точката.
Ако вашиот маж има отпор кон било какви игри близу анусот, не се ни обидувајте со стимулација на Г точката. Но, ако сака да проба нешто такво, а тешко му е да се опшути, предложете заедничко туширање. Тоа ќе го опушти и полесно ќе се возбуди, а вие побрзо ќе ја почувствувате Г точката.
Имајте трпение затоа што веројатно ќе ви бидат потребни неколку обиди додека не успеете. Исто така, потребни се повеќе обиди додека не откриете што точно го возбудува партнерот и што го доведува до оргазам. Тој ќе ви открие дали сака нежна масажа или константен притисок.
[youtube]http://youtu.be/h9w4LTGrV4Q[/youtube]