Далноводите поврзани со астма

бебеНаучници тврдат дека бремените жени кои користат фенови, микробранови печки, правосмукалки или живеат во близина на далноводи го зголемуваат ризикот од астма кај нивното дете. Тие предупредуваат дека изложувањето на неродени деца на потенцијално штетната магнетна енергија која ја создаваат апаратите во домот и далноводите би можело тројно да го зголеми ризикот од болеста.

Експертите веруваат дека наодот би можел делумно да го објасни зошто бројот на деца кои страдаат од астма пораснал драстично во последните неколку децении. Научници од Калифорнија анализирале 800 бремени жени и ги пресметале нивоата на магнетна енергија – познати како електромагнетни полиња – на кои тие биле изложени. Нивните деца биле набљудувани во следните 13 години за научниците да откријат кај колку од нив се развила астма.

Според резултатите, децата чии мајки биле изложени на високи нивоа магнетна енергија за време на бременоста имаат три пати повисок ризик од астма. Ова е прва студија во која научниците покажале дека користењето на фенови, микробранови печки па дури и самото живеење во близина на далновод за време на бременоста влијае врз појавата на астма. Истражувачите веќе покажале дека овој тип на магнетна енергија може да го зголеми ризикот од спонтан абортус и некои типови на рак.

Некои експерти ги отфрлаат новите наоди, посочувајќи дека има голем број други причини за астма. Сепак, истражувачите инсистираат дека ризикот не смее да биде игнориран. Тие им препорачуваат на бремените жени да ја намалат употребата на фенови, микробранови печки, правосмукалки, вентилатори и електрични мелници за кафе. Доктор Де-Кун Ли, од Kaiser Permanente Division of Research во Оукленд, Калифорнија, изјавил: „Пораката е дека изложувањето на електромагнетни полиња не е добро и мораме да обрнеме внимание на нивното штетно влијание врз здравјето.“

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

„Изложувањето на електромагнетните полиња е сè присутно, што значи дека секое штетно влијание врз здравјето би можело да предизвика сериозен јавен здравствен проблем. Најдобар начин за намалување на изложеноста на мегнетните полиња е физичко растојание. Бремените жени би требало да се обидат да го ограничат своето изложување на познати извори и да стојат подалеку од истите.“

Но професор Вилијам Стјуарт од Саутхемптон Универзитетот предупредил дека оваа студија има одреден број слабости и дека резултатот би можел да биде случаен. Други научници посочуваат дека е потребно повеќе истражување пред да може да се утврди дали употребата на секојдневни апарати од домаќинството или живеењето во близина на далновод навистина толку го зголемува ризикот од астма. [Pylons linked to babies’ asthma: Hairdryers, vacuum cleaners and microwave also a risk]

- Реклама -