Дали знаете што кажуваат веѓите за вашата личност?

Добро е познат фактот дека очите се сметаат за огледало на душата, а веѓите ја претставуваат рамката на лицето.

Но, судејќи според мислењето на истакнатиот Фенг Шуи експерт, Прајв Шер, обликот на вашите веѓи можаат да откријат карактерни особини- од тоа каков однос ќе изградите со членовите на семејството и партнерот, до тоа какви сте во извршувањето на работните задачи.

Забавувајте се и откријте колку има вистина во обликот на вашите веѓи.

1. Веѓите во поглед на обликот

Закривените веѓи се знак на креативна личност, рамните веѓи издаваат самоуверена и сигурна личност, додека веѓите со изразен агол претставуваат личност која е исклучително чувствителна, која не сака да споделува информации за својот приватен живот и која може да биде многу тврдоглава.

2. Веѓите во поглед на волуменот

Тенките веѓи упатуваат на женствената особина на нејзиниот карактер, додека обемните и густи веѓи нагласуваат мажествени личности со изразена сексуална енергија.

Густината на влакното е генерално симбол на голема количина на машкиот хормон тестостерон во организмот. Сјајното влакно е симбол за силна сексуална желба, додека ненагласените веѓи без сјај се прв знак за опаднување на сексуалната желба кај личноста.

3. Веѓите во поглед на висината на лакот

Жените со висок лак се „сонувачи“ со големи желбу кој често може да ги фатите во фантазирање. Спротивно на тоа, припадничките на понежниот пол со ниски веѓи се сметаат за личности кои цврсто стојат на земја и не губат време на глупости.

- Реклама -