Дали знаете колку модели има серијата Samsung Galaxy?!

Пред Samsung да претстави уште еден уред од серијата Galaxy S4, време е да го погледнеме графикот направен од страна на “Which?“, британски веб-сајт за истражување на електроника, кој ни покажува колку различни големини на Galaxy уреди има издадено компанијата во текот на изминатите неколку години.

Може да се види дека Samsung има вкупно 26 различни големини за своите брендирани Galaxy паметни телефони и таблети, почнувајќи од 3 инчи со Galaxy Y па до 10.1 инч со Galaxy Note 10.1.

galaxy-phones

Исто така, можете да видите дека Samsung всушност ја има заматено линијата помеѓу она што може да се класифицира како телефон и тоа што треба да се нарекува таблет претставувајќи четири Galaxy Note-брендирани уреди кои се движат помеѓу 5.3 инчи и 10.1 инчи.

post-s3

Сепак, вистинската мистерија е зошто има огромен јаз меѓу 8-инчниот Galaxy Note 8.0 и 10.1-инчниот Galaxy Note 10.1 – после сѐ, изгледа доста несвојствено за Samsung да остави дури цел инч помеѓу еден и друг Galaxy уред. Добрата вест е дека компанијата наводно работи за да ја подобри оваа ситуација и веројатно ќе издаде еден Galaxy Note Tab Mini Mega 9.0 во текот на следната година.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -