Ако мислевте дека антиперспирантот треба да го нанесувате само по туширање, тогаш грешите.
Докторката Ди Ана Гласер, директорка на Меѓународното друштво за хиперхидроза, вели дека антиперспирантот не треба да го нанесувате по туширање, туку во вечерните часови.
– При ставањето на антиперспиранти најважен е тајмингот. Треба секогаш да го нанесувате пред спиење. За време на спињето до кожата доаѓа вистинската количина на пот, па потта се „закачува“ на активните состојки на производот и така се спречува понатамошно потење- вели докторката за „Own Show“.
Што се однесува за дезодорансите, тие треба да се применуваат наутро.
Ако антиперспирантот го нанесете наутро, тој нема да биде максимално ефективен. Ако го нанесете навечер, нема потреба од повторно користење наутро.
– Дури и ако наутро се истуширате и избришете, нема да го намалите ефектот на производот- вели таа.