Дали Virgin ќе произведува електрични автомобили?

Светски познатиот претприемач, Сер Ричард Бренсон, овие денови даде едно доста предизвикувачко навестување дека неговата компанија Virgin е подготвена да направи нов модел на електрично возило.

Сер Ричард во интервју за Bloomberg во Мајами, каде што неговиот тркачки тим Virgin Racing се натпреваруваше во целосно електричната спортска серија Formula E, укажаа дека можеби ќе создаде електричен автомобил, кој ќе му конкурура на Model S на Tesla.

– Ние имаме тимови од луѓе кои работат на електрични автомобили, но тие не се актуелни. Зошто Virgin да не создаде и конкурент идентичен на моделот на Tesla во автомобилскиот бизнис, како што тоа го правиме во вселенскиот бизнис. Ќе видиме што ќе се случи, бил категоричен за Bloomberg, Сер Ричард Бренсон.

Британскиот милијардер повеќепати дал поддршка за проеки за обновливата енергија. Минатата година потпиша договор со NRG Energy за инсталирање на микрогрид за обновлива енергија, кој обезбедува електрична струја за островот Некер (негов сопствен остров), кој се наоѓа во синџирот Британски Девствени Острови на Карибите.

- Реклама -