Африканските пингвини се познати под уште едно име: beach donkeys. Го добиле откако во една прилика, една од раните европски истражувачки експедиции следела звук на магарешки извици, само за да наиде на плажа полна со овие бучни птици.
Африканските се најизучуваната врста пингвини, но не се единствените што звучат како магариња. Во „магарешката“ група спаѓаат уште неколку видови од Јужна Америка.
Обично се служат со широк дијапазон од звуци и крици, но магарешкиот репертоар го чуваат за приликите кога треба да привлечат партнер за парење. Кога тоа конечно ќе им успее, и двајцата обично пеат заедно.
Така, ако познавате некоја пингвинска двојка и сакате да им приредите романтично изненадување, подарете им касета од магарешки бенд.