Кога не се натпреварува на најголемите турнири, Новак живее како обичен човек, уживајќи во малите работи- со малку поголем луксуз.
Колку Новак Ѓоковиќ е секојдневен човек, покажуваат извадови од неговиот секојдневен живот кои ги споделил со јавноста.
Омилената група на Новак е „Tap 011“, а омилен пејач му е Здравко Чолиќ.
„Пред почеток на натпреварот, ако сум нервозен, слушам класика, на пример Андреа Бочели, а ако сакам да се изострам и „живнам“, слушам во главно денс, рок или хаус“, рекол Ѓоковиќ. А колку е љубител на фолк музиката, најдобро го покажа на својата свадба. За атмосферата бил задолжен Мирослав Илиќ, кој во таа прилика ги отпеал омилените песни на тенисерот.
„Забавата е многу важна за мене. Никогаш не сакам да стојам од страна, тоа не е дел од мојата личност. Секој е различен, а јас сакам да уживам во животот на теренот и надвор од него“, рекол Ѓоковиќ.
Сампрас е најголемиот крал за него.
„За мене, кралот на белиот спорт секогаш ќе биде Пит Сампрас. Тој отсекогаш ми бил идол поради ставот на теренот и начинот на кој добро се бореше со притисокот. Во мои очи тој беше најдобар на светот“, рекол Новак.
Открил и дека во спортот мора да внимава на исхрната, и дека омилено овошје му е пороткал, омилен зеленчук му е зелена салата, а пијалок- вода.
Од Иво Андриќ до „Игри на глад“.
„Ми се допаѓаат книгите на Сузан Колинс и книгите со научна фантастика. „Игри на глад“ ми оставија силен впечаток. Тоа е приказна за борба, храброст и пријателство. Особено еден цитат ми остана во сеќавање: „Тие сакаат или да ве убијат, или да ве бакнат, или да бидат вас“. Секако на сите би им ја препорачал книгата на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.
Забава со Хали Бери.
„Би сакал да имам телефон Хали Бери“, признал Новак дека уште како тинејџер би сакал да излезе со неа. А кога станува збор за омилените актери, го издвои Киано Ривс.
Љубител и на добри филмови.
„Од домашните филмови би ги одвоил „Мартонци“, „Кој тоа таму пее“, „Ивкова слава“…, но сакам и странски филмови. Омилени ми се „300“ и „Троја“, од комедии одлучен е „Запознавање на Фокерс“, како и „Сиромашен милионер“. Тој филм го сакам бидејќи потврдува без разлика кој си, од кај си и колку си силен и убав или тежок и имаш болен живот, не треба да се откажуваш.