Дали сте задоволни од својот живот? Тркало на животот – најкраток тест

Потребна ви е само една минута за да сфатите кои се вашите приоритети.
Животот на секој човек се состои од различни сегменти: семејство, работа, хоби, одмор. Многу е важно да одржите рамнотежа во сите правци. Во спротивно, тоа за вас ќе го направи самиот живот.

Ви препорачуваме едноставна, но широко распространета психолошка вежба со чија што помош ќе го пронајдете она кое што сте го пропуштиле.

Земете лист и прецртајте ја ( или испечатете) сликата која што ја гледате во продолжение:

13387110-R3L8T8D-650-6814

Проценете ги сопствените успеси за минатата година, во секоја област на скала од 1 до 10. Потоа поврзете ги точките со линија низ кругот.

Ќе го добиете своето лично тркало на животот, а заедно со него и толкувањето на што конкретно треба да обрнете повеќе внимание, а на што – помалку.

Пример за поврзување на точките:

13387110-R3L8T8D-650-6814 - Copy

Не очајувајте ако кај вас ни во една скала нема оценка 10, и ако не сте добиле круг туку коцка, Тоа е само почеток на вашиот подобар живот. Кругот се создава тогаш кога имате сличен успех на сите полиња.

Правете ја оваа вежба секој месец. Добрите резултати нема долго да ги чекате и „тркалото на животот“ ќе се заврти многу брзо.

- Реклама -