Овој едноставен тест за кратко време стана вистински хит на Weibo, кинеската верзија на „Facebook“, кој наводно открива дали сте убави или не. Се што ви е потрбно е вашиот прст, кој по пат на наједноставна метода ќе одреди во која група спаѓате.
Тестот го нарекуваат: „метод за идентификација на убавина“ или „прст-замка“. Како да го решите? Многу едноставно. Само поставете го показалецот во должина од носот до брадата. Доколку со прстот ги допирате усните, тогаш честитаме, спаѓате во групата на убавите.
Имено, оваа теорија ја користат и многу пластични хирурзи кои сметаат дека убавината се заснова на совршениот сооднос меѓу носот, устата и брадата. Според нив, тие мораат да бидат во совршена линија.
Оваа линија се нарекува „Rickets E-linija“ по докторот Роберт Рикет кој во 1950-та година ја измисли оваа метода.
Сепак, иако популарноста на овој тест се повеќе расте, многумина доктори ја негираат неговата валидност истакнувајќи дека тестот ја утврдува единствено симетријата на долниот дел од лицето осносно неговите пропорции.
Исто така многумина додаваат дека убавината не ја чини само физичкиот изглед, туку и енергијата и личноста.