Дали сте интернет зависник?

wc_smallДали сметате дека сте интернет зависници и како да го проверите тоа?
Оваа листа ќе ви помогне да ги откриете знаците, од кои ќе можете да
заклучите дали сте навистина интернeт зависник.


internetaddiction_qjpreviewthДали сметате дека сте интернет зависници и како да го проверите тоа? Оваа листа ќе ви помогне да ги откриете знаците, од кои ќе можете да заклучите дали сте навистина интернeт зависник.

1. Кога го исклучувате вашиот компјутер добивате ужасно чувство на празнина.
2. Вашето куче и вашата тригодишна ќерка имаат своја веб страница.
3. Кога се додворувате на девојка, не прашувате за тел. број туку за e-mail адресата.
4. Се случува да се фатите себеси како по секој збор додавате .com.
5. Кога го гасите телевизорот, чекате да се појави "Shut down" порака.
6. Не можете да разговарате со домашните затоа што тие немаат компјутер.
7. Имате тетоважа на телото на која пишува "Ова тело најдобро се гледа со Mozilla Firefox".
8. Кога вашиот Inbox ќе покаже дека нема нови пораки, се чувствувате депресивно и осамено.
9. Не го знаете полот на вашите тројца најдобри пријатели.
10. Вашето семејство секогаш знае каде сте.
11. Во нормални ситуации повеќе не се смеете туку велите “LOL,LOL”.
12. Девојките со кои се дружите се во JPEG формат.
13. Најдобар пријател ви е некој кој никогаш не сте го виделе.
14. Се решавате да одите на факултет уште година до две за да искористите бесплатен интернет.
15. Вашата "Favorites" збирка се скролува 10 минути.
16. Вашите очила имаат врежано Mozilla Firefox на нив.

17. Убедени сте дека сурфањето е подобро од секс.
18. Им се смеете на луѓето што имаат модем 56K.
19. Почнувате да употребувате смајлиња и во службените писма.
20. Кога ќе се разбудите во 5 наутро, одите во купатило и застанувате да проверите e-mail на враќање накај кревет.

- Реклама -