Триста-метарската платформа за гледање, која поттикнува вртоглавица од панорамскиот поглед на Чикаго, е отворена за туристите.
Атракцијата, која чини само 5 долари за туристите, се смета дека е првата од ваквиот вид. Може да држи осум лица која нуди спектакуларен поглед надолу кон целиот ветровит град.
Патрик Абисерор, извршен директор на Montparnasse 56 Group, која е сопственик на 360 CHICAGO, вели: „Ние имавме визија за подигнување на доживувањето, и обезбедување на сеќавања за гостите кои ќе ги паметат цел живот. TILT е уште еден пример за иновативно и напредно размислување на компанијата Montparnasse 56 Group“.
„Како родно место на облакодерите, Чикаго продолжува да биде лидер во иновативната архитектура и „TILT“ (навалено) ја продолжува таа традиција. Посетителите на Чикаго наскоро ќе бидат во можност да го доживеат неповторливиот поглед додека полека се навалуваат над градот“, додава генералниот менаџер на 360 CHICAGO Никол Вилијамсон.