Дали срцето навистина може да се „скрши“?

Една од најемотивните состојби на човекот е губењето на саканата особа, без разлика дали е тоа поради крај на романтична врска или смрт на личност до која ни е дојдено.

Нема сомнеж дека губењето на саканата личност може да влијае на емотивното и менталното здравје, но има и физички последици врз телото.

Истражувањата покажале дека душевната болка навистина влијае на физичката состојба на телото, и тоа на различни начини.

Пред се’, емотивната болка влијае на протокот на крв низ делови од мозокот, кои се одговорни за физичката болка.

Поради тоа, голем дел од луѓето по болното искуство можат и физички да се чувствуваат лошо.

Исто така, скршеното срце влијае и на имунолошкиот систем што може да доведе до разни воспаленија и слабеење на одбраната на организмот од болести и инфекции.

Прочитајте и:  Првиот лек за астма во изминатиот половина век прогласен за „револуционерен“

Можеби најопасната последица на скршеното срце е тоа што е искуството стресно, а телото кое е под стрес лачи вишок хормони адреналин и кортизол кои кога се лачат во мали дози го зголемуваат бројот на отчукувања на срцето, додека во големи количини предизвикуваат преоптоварување на срцето, што од своја страна може да доведе до негов застој.

Можеби ќе ве изненади да слушнете дека постои состојба која се нарекува „синдром на скршено срце“, а која е последица на душевна болка.

Симптомите на синдромот се слични на оние кои се јавуваат при срцев удар и можат да вклучат болка во градите, недостаток на здив, низок крвен притисок и привремен застој на срцето.

Како додаток, синдромот на скршено срце ретко предизвикува трајно оштетување на органот и минува брзо.

- Реклама -