Дали Симпсонови го предвидоа Apple Vision Pro уште пред 8 години?

„Симпсонови“ е навистина визионерска серија.

Највидовитиот цртан филм во светот повторно го потврди тоа. Овој пат анимираната комедија создадена од Мет Гронинг е заслужна за предвидувањето на Apple Vision Pro – смарт очила за виртуелна реалност  кои беа неодамна лансирани a се нов производ на компанијата Apple.
Oчилата веќе привлекоа големо внимание во јавноста и станаа доста популарни поттикнувајќи дебати на социјалните мрежи.

„Симпсон ја предвиде иднината… Повторно“, напишал корисник на X опишувајќи го наводното претскажување на цртаниот филм за развојот на технологијата.

За оние кои сеуште не знаат, новиот производ на Apple – смарт очилата во облик на „Црно огледало“ може да се  контролираат со очите и гестовите на рацете и им овозможуваат на гледачите да уживаат во низа хиперреалистични VR искуства.

И покрај нивната висока цена од 3.500 долари, Apple ја распродаде почетната залиха на гаџети откако беа продадени околу 200.000 производи за 10 дена.

Производот Vision Pro можеби е објавен неодамна, но нивниот изум наводно бил претскажан од „Симпсонови“ уште во 2016 година.

Во епизодата на Симпсонови насловена „Пријатели и семејство“, г-дин Барнс ги ангажира Марџ, Барт, Лиза и Меги во улога на негово семејство во виртуална реалност за тестирање на пробна серија очила кои се многу лични со Vision Pro.

По објавувањето на гаџетот во јавноста, настанува хаос: на цртаниот филм се прикажани различни ликови од Симпсонови кои ги носат новите очила, се удираат во столбовите и светилките на тротоарите и паѓаат во шахти.

„Симпсонови открија колку луѓето изгледаат смешно кога носат Apple Vision“ напиша друг корисник на X.

Пред објавувањето на Vision Pro, постар работник во водечката продавница на Apple на Менхетен рече дека уредот го сметал „малку тежок“, додавајќи дека не може да си го дозволи.

Извор: https://nypost.com/2024/02/05/tech/did-the-simpsons-predict-the-apple-vision-pro/

- Реклама -