Сексот поврзан со бројките е секогаш интересна тема за истражување, па не е ниту чудо што токму темите од ваков карактер многу пати се нашле во центарот на вниманието. Резултатите од истражувањата поврзани со сексот ни го откриваат просекот на работите, за кој многу пати не сме свесни поради чуствителноста на темата. Ви прикажуваме неколку интересни истражувања:
1. Големината на пенисот
Истражувањето извршено во САД, објавено од страна на „Journal of Sexsual Medicine“, вели дека просечната големина на машки пенис за време на ерекција изнесува 13.97 центиметри.
2. Употреба на презервативи
Загрижувачки е податокот дека само една четвртина од мажите користи контом секој пат кога практикува секс. Две третини отворено признале дека воопшто не се „оптеретуваат“ со заштита.
3. Гледањето на порно филмови
Истражувањето објавено во „Archives of Sexual Behavior“ открива некои навики за гледањето на филмови за возрасни. Имено, 6% од мажите не гледаат филмови на неделна база, 30% гледаат три пати неделно, 19% во ваквите филмови уживаат 6 до 10 пати, додека 7 проценти од испитаниците се изјасниле дека гледаат и 11 или повеќе пати неделно.
4. Траењето на односите
Според „Journal of Sexual Medicine“, 3 минути и 45 секунди. Истото истражување открило дека според жените, идеалната должина на интимните односи е 23 минути.
5. Подготвеност на нова акција после односите
Одредени истражувања откриле дека на мажите во 20-те во просек им требаат 19 минути за да се „опорават“ од првиот сексуален однос, и да бидат подготвени за уште еден.
6. Број на односи во текот на еден ден
Што се однесува до честината на односите, изненадувачки е фактот што оженетите мажи сакаат секс четири пати во неделата, додека оние кои се во врска сакаат само два пати. Истражувањето објавено во „Аrchives of Sexual Behavior“ откри уште еден интересен податок. Имено, оженетите мажи во просек практикуваат секс три пати неделно, додека оние кои се во врска тоа го прават четири пати.
7. Секс играчки
Едно истражување објавено во „Journal of Sex & Marital Therapy“ вели дека жените со помош на вибратор полесно ќе доживеат врв. Дури две третини од мажите велат дека секс-играчките им го олеснуваат притисокот кој некогаш го имаат додека се во кревет.