Дали се ова најмодерните мајка и ќерка во Холивуд?

Таа е добро позната по нејзиниот одличен моден вкус, кој се чини дека и нејзината ќерка го наследила. Имено, Кејти Холмс вчера беше забележана како ја зема ќерка си Сури од училиште, а 34 годишната актерка, иако сосема кежуал облечена и очигледно без претерана грижа за комбинацијата, изгледаше неверојатно тренди и шик. Ништо помалку модерно не изгледаше ниту малечата Сури, која училишната униформа ја имаше надополнето со розеви патики кои одговараат на гипсот на нејзината повредена рака. Овие две убавици се неодолив спој, кој ретко е забележан одвоен во јавноста.

article-0-184CC90400000578-898_634x880