Во зависност од однесувањето на граѓаните ќе се донесе одлука дали Први мај ќе го поминеме во карантин.
Министерот за здравство Филипче вели дека забележани се граѓани кои ги почитуваат мерките, но и такви кои не ги почитуваат. Затоа во следните денови ќе се анализираат сликите од терен и ќе се донесе одлука како ќе се организира следниот викенд.
Филипче повтори дека од Владата ќе побара казнувањето за неносење на маски да почнат уште од следната недела, а не од 1 мај, како што беше најавено.