Дали падот на Груевски ги расипа плановите на Русија за Македонија?

Статијата е преземена од www.dw.com/mk

Не очекувам Русија да преземе радикални чекори за да ја спречи Македонија да стане членка на НАТО. Но по влезот односите меѓу двете земји постепено ќе се деградираат, вели Максим Саморуков од Карнеги центарот во Москва

Македонија беше интересна за Русија најмногу поради „Турски поток“: Максим Саморуков

Македонија најмногу го привлече интересот на Москва како можна алтернатива за Бугарија при изградба на балканскиот огранок на гасоводот „Турски поток“. За Кремљ се чинеше дека Груевски со неговото нелиберално однесување и влошувањето на односите со Западот, е добар кандидат за тимот на руските европски сојузници, заедно со Орбан, Земан или Додик. Падот на власта на Груевски ги спречи овие планови, вели во интервју за Дојче веле, Максим Саморуков, заменик главен уредник на Carengie.ru при Карнеги центарот во Москва. Саморуков е експерт за руската надворешна политика и ги проучува односите на Русија со Источна Европа и Балканот. Саморуков нагласува: „Москва смета дека Зоран Заев и неговата влада се пиони на Запад и затоа не вреди да се обиде да ги поправа врските со новото македонско раководство”.

Дојче веле: Господине Саморуков, што навистина сака Русија во Западен Балкан и каде се наоѓа овој регион на листата на нејзините надворешни приоритети?

Саморуков: Западниот Балкан е од маргинално значење за руската економија или за нејзините безбедносни интереси. Во однос на Кина, постсоветскиот простор или Блискиот Исток, Западен Балкан не е меѓу приоритетите на надворешната политика на Русија – особено сега, кога Москва се обидува да ги пренасочи своите меѓународни врски од Европа кон Азија. Сепак, Москва сé уште е заинтересирана за регионот како транзитен простор за своите енергетски проекти и исто така е желна да ја искористи популарноста на Русија во одредени делови на балканските општества за да го прошири своето меѓународно влијание, да го попречува понатамошното ширење на НАТО и на Европа да и покаже дека може да предизвика проблеми во дворот на ЕУ како одговор на активностите на ЕУ во пост-советските држави.

Тогаш, како би ја дефинирале политиката на Москва кога нејзиното економско присуство сега е маргинализирано, а политичката понуда е поврзана само со критиката на западните вредности и либерализмот?

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

Главната порака што Москва сака да ја упати со својата балканска политика е насочена кон Европа и гласи: ако сакате да се однесуваме конструктивно во вашето соседство, треба да бидете многу повнимателни во нашето соседство. Поентата на Кремљ е дека додека ЕУ одбива да ги признае специјалните интереси на Русија во земјите како Украина, Белорусија или Молдавија, Русија ќе реагира на тој начин и ќе му ја даде својата поддршка на Милорад Додик, на македонските националисти, на црногорските Срби и на другите политички сили кои ја попречуваат реализацијата на визијата на ЕУ за конечно решавање на балканските конфликти. Таквиот пристап навистина нема многу корист за Западен Балкан, но руската заблуда на регионот не треба да се базира врз рационални калкулации. Тоа има повеќе врска со заедничкото чувство на неправедно третирање од страна на Запад, кое сѐ уште ги поврзува огромните делови на руските и балканските политички елити.

Никола Груевски и Владимир Путин во 2012 година

Мали директни трошоци

Дали Русија својата политика ја гради најмногу на локалните актери или нејзиното влијание е базирано врз други структури на општествата кои се разочарани од долгото чекање за влез во Европската Унија?

Руската балканска политика има многу мали директни трошоци за Москва. Најголем дел од работата ја извршуваат локалните актери, кои работат за сопствените интереси, кои често се компатибилни со руските. Москва нема некоја голема стратегија за Западен Балкан и нема намера да влече ниту една земја од регионот надвор од европската орбита. Русија ќе биде задоволна само со забавување на интеграцијата на Западен Балкан во НАТО покажувајќи дека нејзиното влијание се протега далеку од границите на поранешниот Советски Сојуз. Имајќи ги предвид бројните внатрешни проблеми на Балканот, нискиот квалитет на локалните политички елити и долгогодишната негрижа на регионот од страна на Запад, на Русија не ѝ требаше многу напор за остварување на оваа задача. Сепак, ситуацијата сега може да се промени, кога ЕУ и НАТО станаа поактивни во нивното проширување во регионот.

ЛИНК ДО ЦЕЛАТА СТАТИЈА

- Реклама -