Во модниот свет се шушка дека можно е да дојде до симнување на Ана Винтур од тронот на модниот магазин Вог, а како нејзина замена најсоодветна би била Ана Дело Русо. Модните познавачи сметаат дека Винтур е веќе престара за оваа работа и дека е апсурдно модните стилови да минуваат низ нејзиното „сито и решето“. Таа веќе е во седмата деценија од својот живот.
Останува прашањето дали да се верува на искуството или да се препушти на нешто ново и свежо. Оние на кои не им се допаѓа суровата уредничка на Вог, сметаат дека соодветна замена е Дело Русо, италијанка е креативен советник за јапонскиот Вог и уредник на Ларгер. Иако е само 12 години помлада од Винтур таа сепак го нема изгубено чувството за иновација во модата, а исто така нејзиниот стил е доста шик и откачен.
Можеби е сепак време за некаква промена и во високата мода.