Дали навистина тоа го кажала? Заработува 38 милиони годишно, но неможе да си дозволи…

Згодната актерка Кејт Хадсон е новото лице на насловната на магазинот Harper’s Bazaar. Во интервјуто открила многу занимливости…
34-годишната актерка и мајка на две деца, се појави во полн сјај за насловната на Harper’s Bazaar магазинот. Кејт Хадсон позираше во прекрасни фустани, оние позајмените.

3

„Луѓето навистина мислат дека ги поседуваме тие скапи фустани на кои се појавуваме на црвениот тепих, но ние само ги позајмуваме. Не можам да си дозволам да купам толку скапи работи. Понекогаш знам да си дозволам да купам нешто скапо, но тоа е ретко, особено кога имате две деца и школарина која мора да ја плаќате“, вели Кејт која и баш не е голем љубител на скапи модни марки.

4

Сепак, како што пишува Radar Online, Кејт има годишна заработка од 38 милиони долари и живее во вила во вредност од 5,3 милиони долари, а од филмот ‘Bride Wars’ добила и 7 милиони долари, па е малку тешко да се поверува дека Кејт неможе да си дозволи сѐ што сака. Актерката веројатно има други приоритети во животот освен модата, и како што самата вели: „Го сакам мојот живот како возрасна.“

- Реклама -