Дали навистина се левичарите попаметни?

Пишување, сечење, тенис – околу 10 проценти од луѓето  во светот го живеат својот живот главно со левата рака. Левичарите се сметаат за креативни и емоционални. Но дали е тоа точно? погледнете кои се предностите на левичарите.

Во мајчината утроба ли се дефинира тој дел од животот?

Да, има ген кој одредува со која рака ќе пишуваме. Уште повеќе зачудувачки е што дури на слики од ултразвук можете да видите кој дел е  поизразен. Понатаму  десничарите обично цицаат со десниот палец, а левичарите со левиот.

mcdc7_standard_ultrasound

Како работи мозокот на левичарите?

Кај левичарите десната страна од мозокот е активна, а кај деничарите – левата. Левата е рационална, одговорна за логично и аналитичко размислување. Десната половина  е креативнатa и емоционалната страна кај човекот.  Десничарите  почесто одлучуваат без да размислуваат за своите чувства додека левичарите разгледуваат неколку аспекти истовремено.

Што можат подобро левичарите?

Многу големи спортисти и уметници се левичари. Причината е дека тие се покреативни и имаат просторно размислување и разбирање.

Го гледаат ли светот поинаку?

Да. Некои од левичарите ги  читаат интуитивно зборовите наназад и потоа ги размислуваат. Дел од нив можат и да пишуваат обратно. Дури и во танцувањето се свртуваат почестоод  лево кон десно.

wPat left hand writing LA show

Има ли луѓе кај кои се двете страни подеднакво развиени?

Да! Многу луѓе пишуваат со десна рака, на пример, но јадат супа со левата. Можна причина за тоа е што во детството нивните родители ги  поттикнувале да ги користат и двете раце, за да го  зајакнуваат мозокот (најдобро пред 10-годишна возраст).

Дали навистина левичарите имаат лош ракопис?

Тие генерално пишуваат потешко, бидејќи мора силно да го  навалат зглобот.  Затоа често нивниот ракопис не е толку убав како кај „десните“.

Според погоре кажаното не може да се направи генерална слика за да се одговори на прашањето дали се попаметни, но несомнено се покреативни.

Во продолжение погледнете познати левичари низ светот

Барак Обама

obama

Алберт Ајнштајн

levak2

Лејди Гага

levak3

Рафаел Надал (27)- иако десничар, тој  игра со левата рака.

levak4

Џими Хендрикс (1942 – 1970)

3,w=276,c=0_bild

 

- Реклама -