Apple сака да ја купи Tesla? Првиот човек на американскиот производител на автомобили, Елен Маск, деновиве се сретна со менаџерите од Apple, а ова била и една од темите на разговорите.
Слично на Google, Apple исто така, бара нови полиња за проширување на бизнисот и се одлучи за компании со потенцијал за развој. Меѓу оние гиганти кои се на листата, се најде американскиот производител на луксузни електромобили Tesla. Ова е негов втор потенцијален купувач, откако пред некое време гигантот General Motors исто најави дека би можел да биде потенцијален иден сопственик на оваа релативно млада автомобилска марка.
Секако оваа средба меѓу, генијалецот Елен Маск, eдин од основачите на Tesla и PayPal со водечките функционери од Apple, повторно буди кај многумина асоцијации за иднината, кои се прашуваат до каде ќе стигнат проектите на Стив Џобс, односно оној за автономен автомобил iCar…