Лекар од Клиничката болница во Битола доцна синоќа на Фејсбук реагираше дека четири дена чекаат резултати за лежечки пациент на интерното одделение, за вчера во доцните часови да разберат дека е позитивен на Ковид 19.
Тој пишува дека цел месец укажувал дека не се на ниво и дека дошло до тоа од кое што се плашел. Вели: Потфрливме и за ова барам да се одговара“.
Директорката на Клиничката болница денеска апелираше да не се шират лажни вести и да не се создава паника. Таа додаде и дека ќе поднесат кривична пријави за оние кои ширеле лажни информации и создадоа паника, а ги повика институциите да го испитаат случајот.
„Жално и срамно е да се собираат политички поени врз грбот на пациентиоте, јавноста и здравствените работници, кои во овие услови пожртвувано работат во условите на пандемијата“, изјави Д-Р БИЛЈАНА ГАГАЧОВСКА, ДИРЕКТОР НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА БИТОЛА.
За пациентот, кој е нов позитивен случај во Битола, Гагачовска објаснува дека се работи за пациент кој е со шизофренија и кој се водел во дневната болница во Психијатриската болница во Демир Хисар. Бил хоспитализиран во битолската болница на 10 април со симптоми за невролептичен симптом, а при влезот во болницата, не била констатирана покачена телесна температура, бил прегледан на ургентна и пренесен во психијатриското одделение. Откако била разгледана историјата и му се покачила телесната температура, се појавил сомнеж дека можеби имал контакт со лица кои можат да го стават во сомнителните за Ковид 19. Заради сериозноста пак на неговата состојба бил пренесен во интерното одделение.
„Бидејќи постоеше податок бидејќи постои веројатност, се постапи како со сомнителен пациент, и по целокупниот протокол, обезбеден со маска и ракавици, по најкраткиот пат беше префрлен во интерно, и за заштита и на пациентот и на здравствените работници беше поставен во посевбна соба изолиран од другите пациентот. Контакт со пациентот имаа единствено еден лекар и 4 медицински сестри и еден болнирчар, пациентот не се мешаше со другите пациенти, беше неподвижен, не користеше тоалет бидејќи беше поставен катетер, не излегуваше од собата. Влегувањето кај пациентот, беше согласно сите протоколи и сите нивоа на заштита, медицинскиот персонал кој доволно е обезбеден со доволно материјали за лична заштитна опрема согласно нивоата на ризик, се влегуваше облечени по протокол“, вели Гагачовска.
Наредниот ден, на 11 април, беше земен брис и испратен веднаш, вели директорката. Откако пристигнале синоќа резултатите, пациентот беше префрлен во инфективното одделение.
„Не можам да ви одговорам зошто и како се чекале резултатите, имајте предвид дневн о пристигаат материјали од целата земја. По најкраткиот пат, со скафандери пациентот беше префлен во инфективното одделени. Тој е во општа добра здравствена состојба“, вели Гагачовска.
Патот по кој се движеше, просториите и одделенијата каде беше пациентот биле дезинфицирани од Центарот за јавно здравје, а потоа детално исчистени. Било постапувано по протоколите и вели дека имаат доволно заштитна опрема. Десетина здравствени работници кои биле во контакт со пациентот се праќаат во домашна изолација, под здравствен надзор.