Вашето дете веќе наполнило година и половина, а се уште се потпира на ѕидот, за да направи два чекори! Слична ситуација предизвикува паника кај доста родители – дали нивното дете заостанува во својот развој?
Не сака да прооди
Зошто тоа не загрижува? Од мигот во кој што детето проодува, симболично влегува во светот на возрасните. И природно, ако овој миг доцни, родителите се разочарани.
Доброто темпо на развој: Некои деца проодуваат подоцна – до 18-тиот месец. Тие треба да се чувствуваат подготвени, сигурни во мускулите и способни да задржат рамнотежа. Секое дете различно го избира моментот за својот прв чекор. Помагајте му држејќи го за рака, но само ако тоа сака! Не заборавајте да го охрабрите и да го поздравувате, додека ги прави првите обиди .
Не користи нокшир
Зошто тоа не загрижува? Обично родителите го следат популарното мислење дека од еден момент натаму не смее едно „големо” дете да ги „полни гаќите”.
Доброто темпо на развој: Немојте да го карате вашето дете да оди на соодветно место од премногу рана возраст. Оваа принуда може подоцна да доведе до непријатни последици како ноќно мокрење, на пример. Надгледувајте го: штом седне значи дека веќе умее доволно да ги контролира мускулите и ќе може да „стиска”. Тогаш започнете да го убедувате: „Забавно е да какаш во нокширчето!”, „Ќе си играш полесно без пелена!”
Веќе има две години, а уште не зборува
Зошто тоа не загрижува? Родителите ги очекуваат со нетрпение првите зборови, не само за да комуницираат слободно со своето дете, туку и затоа што често го поврзуваат раниот говор со повисока интелигенција.
Доброто темпо на развој: Од моментот кога детето ќе почне да разбира што му велите, неговото молчење не смее повеќе да ви пречи. Некои деца имаат свој метод да го учат јазикот: трупаат залихи на зборови и фрази, кои во еден неочекуван момент одеднаш ги истрелуваат! А дотогаш помогнете му да го открие задоволството од асоцијација на зборови со предмети или емоции, со тоа што ќе му читате книги. Кога му зборувате, користете едноставни зборови и фрази, но избегнете го бебешкиот јазик и лигавењето.
Не си игра со другите деца
Зошто тоа не загрижува? Според многу родители идните успеси во животот на нивното дете зависат од тоа дали има многу другарчиња. А понекогаш зад загриженоста дека детето е премногу затворено, се крие и страв од болест како аутизам, на пример.
Доброто темпо на развој: На 2-3 годинка децата се уште функционираат на принципот на егоцентризмот – не се целосно свесни за околината и затоа се повеќе концентрирани врз самите себе. последица на што тие имаат тенденција почесто да си играат сами наместо со останатите деца.
Не паничете: постепено детето ви ќе се отвори кон светот.