Дали ќе го чуеме гласот на Јанева во следната снимка?

Видео снимката која што денеска ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“ е само дел од материјалите кои ги поседува новинарот Ларис Гајсер, според она што тој самиот го напиша на Фејсбук најавувајќи серија од написи поврзани со предметот „Рекет“.

Гајсер во изјава за телевизија Сител веќе за утре најавува ново продолжение и објава на нови детали околи изнудата на 1,5 милиони евра од бизнисменото Орце Камчев од осомничените во случајот Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец.

„Уште утре следува нова сторија и се ќе биде појасно. Откако ќе ја завршам сторијата, целосно ќе ви бидам на располагање во следните денови. Благодарам на разбирањето. Ваш Ларис“, вели Гајсер за Сител.

Имајќи ги предвид неофицијалните информации дека на видео снимката која што Камчева ја предал во Обвинителството за организиран криминал во еден дел се слуша и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева како зборува на спикерфон за очекување е токму овој дел од видеото да биде објавен од страна на Гајсер во следните продолженија на неговата репортажа.

Обвинителката Вилма Русковска, која го води предметот, делумно ги потврди информации со изјава дека на видеото се слуша глас на обвинител, но не прецизираше за кого станува збор.

За потсетување, Јанева си поднесе оставка од функцијата во СЈО само минути пред Боки 13 да биде уапсен на граница. За да се утврди нејзината улога на милионскиот рекет Обвинителството и ги одзема двата телефони, од кои едниот комплетно форматиран и со избирашани податоци. И покрај сериозните индикации дека Јанева директно била вклучена во рекетот, а не само нејзиното име злоупотребено како што таа тврди специјалната обвинителка е на слобода и не е опфатена со истрагата.

- Реклама -