Тие беа едни од најпознатите заљубени млади парови во Холивуд. А сега постои можност Селена Гомез, 21 година и Џастин Бибер, 19 години, да се вратат повторно заедно и да го разгорат оганот по нивниот емоционален раскин во јануари.
Американските медиуми јавуваат дека Селена Гомез бара куќа во соседсвото Калабасас, кое е во непосредна близина на нејзиниот поранешен дечко, Џастин Бибер. Ова се изјавува откако славниот пејач во четвртокот за радио емисија открил: „Таа е прекрасна девојка. Ја сакам до овој ден.“
Селена е многу блику до купување на куќа во ова соседство каде што живее Џастин, тврдат американските медиуми. „Таа гледаше и во други населби, но навистина се вљуби во куќа во непосредна близина на Џастин.“ Не е вообичаена населба, но е многу екслузивна затворена заедница каде секој се знае со секој.