Земете лист и пенкало и одговорете со „Да” или „Не” на следните 10 прашања и ќе дознаете дали се здрави вашите нерви и срце.
1. Дали ви се потат рацете при средба со непознати или во ситуација која ви пречи?
2. Успевате ли да заспиете во бучава навечер?
3. Често ли ви се случува да имате непријатното чувство дека облеката ви не одговара на ситуацијата?
4. Често ли сонувате кошмари навечер?
5. Кога треба да одите на лекар, дали ве вознемирува помислата?
6. Дали имате навика постојано да ги затворате вратите и прозорците?
7. Дали се плашите од темнината?
8. Често ли помислувате на неизбежноста на смртта?
9. Има ли животни кои предизвикуваат кај вас одвратност?
Клуч за одговорите:
– Ако сте одговориле негативно на сите 9 прашања, можете да бидете целосно спокојни – вие сте избалансиран и здрав човек.
– Ако имате од 1 до 4 одговори „Да”, може да се каже дека нервите ви се порасклатени, но нема сериозен повод за загриженост.
– Ако сте одговориле 5 до 7 прашања потврдно, нештата веќе се доста сериозни.
– Кај сите позитивни одговори, време е да се погрижите за своето здравје.