Јапонскиот илустратор Шоута Санода креираше две серии на илустрации кои се базирани на погледот на познатите актери, пејачи и уметници. Во овој кул минималистички проект, фокусот е ставен токму на очите, како еден од највпечатливите делови од човечкото лице. Салвадор Дали, Бијонсе, Одри Хепберн, Мерилин Монро, Мајкл Џексон и многу други, се дел од илустрациите на Санода. Колку ќе успеете да препознаете вие?