Европската унија обезбедува повеќе од 1,6 милијарди американски долари за проектот Human Brain Project, чија цел е да открие што “се случува” внатре во нашите глави, објасни Bloomberg.
Невролози од цела Европа користат Big Data системи, за да се соберат што е можно повеќе научни податоци за човечкиот мозок, па да можат да откријат и создадат модели кои ќе им помогнат да откријат нови шеми на мозочната структура. За да ја завршат задачата, тие имаат цел да изградат специјализиран суперкомпјутер способен да направи точна копија на човечкиот мозок.
Еден проблем за научниците во Европа, кои се занимаваат со истражување на мозокот, сепак е дека тие не можат да ги соберат сите информации кои им се потребни. Невролозите немаат мотив да ги споделат тие податоци, смета Шон Хил, еден од лидерите на проектот Human Brain Project.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk