Буквално секој негов гол беше за најавна шпица за спортски вести.
Станува збор за 39 годишниот напаѓач роден во Монтевидео, Алваро Рекоба Ривиера или „Ел Чино“. Имаше лесен трк, одлична техника и супербомбастичен удар кој не го бранеа два Ноера.
Кариерата ја започна во Данубио 1994 година, па отиде во Насионал, каде играше до 1997, додека не се пресели во Италија, Милано, каде го облече дресот на Интер. Во интер одигра 248 натпревари и постигна 72 гола, но тоа по што ќе остане запаметен е тоа како ги постигнуваше головите. Даваше голови од секаде, но најмногу од слободни удари.
Во италија, по Интер, поигра и во Венеција и Торино, потоа играше за Паниониос, па во 2010 се врати во неговиот прв клуб Данубио. Кариерата ја заврши минатата година, токму во Насионал.
Уживајте во неговите ремек дела…