Докторката препорачува пред изложување на раката под ултравиолетова светлина, на дланката да нанесете крема со заштитен фактор.
Гелниот маникир причинува огромна радост кај голем број жени. Со гелот, тие се сигурни дека во текот на две седмици ноктите изгледаат совршено без оштетувања, но оваа нова технологија има и некои маани.
Додека маникирите, можат да изгледаат убаво, ултравиолетовото излагање и гел можат да ги оштетат вашите нокти.
Дали изложувањето под ултравиолетова светлина е проблем?
Начинот на кој што функционира гелниот маникир е тоа што бојата се суши под ултравиолетовата светлина. Ова е процес кој што се повторува неколку пати и го прави лакот тврд и долготраен. Дали е лошо за кожата вашите раце да се изложуваат на оваа светлина?
Знаеме дека ултравиолетовата светлина не е добра, а докторката Хајди Валдроф, директорка на ласерска и козметичка технологија на „The Mount Sinai“ медицинскиот центар во Њујорк, вели дека постојат случаи на рак на кожата кај честите корисници на ултравиолетови лампи.
„Доколку често користите ултравиолетова светлина, ризикот може да се зголеми“, вели Валдорф.
Докторката препорачува пред да се изложи раката на УВ светлината на кожата, да се нанесе крема со заштитен фактор, Сепак, ова не може сосема да ја заштити раката, затоа што при ваков вид на маникир прстите се чистат поради гелот.
Како изгледаат ноктите кога ќе се отстрани гелот?
Отстранувањето на гелот може да претставува вистински проблем. Ноктите на 10 минути се потопуваат во ацетон и се замотуваат во фолија. Состојбата на ноктите после тоа е ужасна. Кога ќе се отстрани гелот, ноктите се слаби, тенки и изгрицкани, лесно пукаат и изгледаат ужасно.
Џин Сун Кои, експерт за маникир и дизајнерка, не е голем фан на геловите за нокти.
„Не го сакам фактот што ноктите се сушат, а тоа со време ги прави ноктите слаби и кревки, па лесно се кршат“, вели Сун Кои.
Меѓутоа, таа мисли дека гелот е добар затоа што е долготраен и штеди време. Таа предлага да користите гел додека одите на одмор или по повод, специјални прилики.
„Мачкајте ги ноктите со витамин Е, додека имате гел на ноктите“, вели Сун Кои.