Манекенката и поранешната српска снаа, се прошетала држејќи се за рака со непознато момче.
Адријана Лима за рака држи непознат човек додека сосема релаксирано се шетаат по улиците. Таа е без шминка и во тренерки, а тој во обична маица и панталони, а се гледаат и неговите тетоважи.
Кој е анонимното момче, се уште не е познато, бидејќи манекенката не се изјаснила за ова, но нејзините обожаватели претпоставуваат дека се вика „Big Jo“. Нејзините обожаватели се расправаат околу тоа дали станува збор за нејзиниот дечко или брат, а се надеваме дека манекенката наскоро ќе ја реши дилемата.